200 натпреварувачи на Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен 2017“

Околу 200 борци ќе настапат на Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен 2017“ од девет држави.

Македонија ќе настапи со 70 натпреварувачи, а ќе учествуваат и Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Словенија, Маурициус, Турција, Република Српска и Босна и Херцеговина.

Борбите ќе се одвиваат на две борилишта со 14 судии, од кои 4 се од Македонија, 2 за не ваза и 2 за борби.

Турнирот е во салата „Македонско сонце“ (ОУ „11 Октомври“)  во населбата Пролет во Скопје и почнува во 10 часот.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО