Глори доаѓа во Кина, ќе настапи Верхоевен

Глори во октомври ќе го одржи својот прв настан во Кина.

Досега два настани одржаа во Јапонија, но организацијата не направи големо влијание на истокот.

Новото доаѓање во Азија е осмислено во соработка со неколку големи кинески инвеститори меѓу кои е и славниот кошаркар Јао Минг.

Рико Вертхоевен треба да биде главната ѕвезда на вечерта. Познато е дека шампионот на Глори во овој меч нема да ја брани титулата, а името на противникот се уште не е познато. Да се надеваме дека тоа би можело да биде Андреј Герасимчук кој во Кина му го нанесе последниот пораз на Верхоевен.

Холанѓанецот веќе има закажано одбрана на титулата против Џамал Бен Садик на Глори во Амстердам кој би требало да се одржи во декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО