Флојд до Конор: Треба да ја заслужиш мојата почит…победа!

Откако се повлече од боксот, речиси две години, Мејведер ја ризикува совршена статистика од 49-0 по враќањето во рингот на 26 август, кога ќе се сретне со ММА борецот Конор Мек Грегор.

Двајцата направија медиумска турнеја и сега напорно се подготвуваат за битката.

„Го почитувам го како човек. Нормално е да го почитувам како човек“, рече Мејведер.

„Но за оваа борба мора да ја добие мојата почит како борец“.

Иако нема ниту еден бокс дуел, Мек Грегор е еден од најпопуларните и атрактивни борци на УФЦ во светот.

Тие ќе се борат до 70 кг во 12 рунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО