Вајлдер – Ортиз во октомври или ноември за титулата на ВБЦ

Дионтеј Вајлдер и Луис Ортиз може да се сретнат во борба за титулата на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во тешка категорија, тврди boxingscene.com.

Промоторот на Американецот Лу Дибела фиксира два датуми – 14 октомври или 4 ноември. Тој планира да ја закупи салата „Барклис арена“ во Бруклин, Њујорк.

Претходниот меч на Вајлдер беше во февруари. Тогаш го нокаутира Џералд Вашингтон. Претходната средба на Кубанецот беше во декември и без никакви проблеми го совлада Дејвид Ален.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО