АктуелноБоксПрофесионален

Фјури може да се бори со Оквендо на 23 септември

Тајсон Фјури може да се врати на рингот против ветеранот Фрес Оквендо. Се планира мечот да се одржи на 23 септември. Ова го изјави чичкото, тренер и менаџер на поранешниот светски шампион во тешка категорија, Питер Фјури.

Според неговите зборови, Тајсон веќе добил дозвола од Британскиот бокс борд. Изјавата на Питер Фјури е доста чудна, затоа што се уште не е јасно кога ќе биде сослушувањето на боксерот по обвиненијата за допинг.

Ако средбата со Оквендо се одржи, таа ќе биде за појасот на Светската боксерска асоцијација (ВБА). За титулата требаше да борат Порториканецот и шоуменот Шенон Бригс кој беше фатен на допинг тест.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON