Мани Пакијао: Не се откажувам!

Филипинската боксерска легенда Мани Пакијао навести дека нема да прекине својата кариера. Тој го загуби последниот меч од Австралиецот Џеф Хорн на галавечерта во Бризбејн. Ветеранот се жалеше на судсикото бодување, но е подготвен и на реванш меч со својот ривал. Оваа опција е актуелна, бидејќи ја има во договорот за средбата.

„Луѓето сами нека проценат кој е победник. Сите видоа што се случи. И во минатото сме гледале како судите манипулираат со резултати, така што ништо не може да ме изненади. Додека мојата страст не згасне, ќе продолжам да се борам“, рече Пакијао.

Тренерот на Пакијао – Фреди Роуч навести дека е подобро боксерот да прекине кариерата.

https://youtu.be/eXFmVgeJHpA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО