АктуелноДруги вештиниСамбо

Самбото е на програмата на 2-те Европски игри во Минск-Белорусија

Самбото ќе биде вклучен во листата на 16 спортови на вторите Европски игри што ќе одржат во Минск, Белорусија, во 2019 година, ова го соопшти Европскиот олимписки комитет (ЕОК).

Покрај самбо програмата на Игрите ќе бидат вклучени: атлетика, стрелаштво, бадминтон, бокс, веслање и кајакарство, велосипедизам, гимнастика, карате, џудо, стрелаштво, фудбал и одбојка на плажа, кошарка во формат 3х3, пинг-понг и борење.

Во споредба со првиот игри во Баку во 2015, од програмата се исклучени мечување, таеквондо, триатлон и спортовите на вода.

Игрите во Минск се планира да се одржат од 14 до 30 јуни 2019 година. Да се потсетиме дека на првите Европски игри во Баку, Азербејџан, во 2015 година во самбо се одржаа натпревари во 4 категории и кај мажите и кај жените. Медали освоија самбо борачи од 10 земји на стариот континент.

Ipon.mk

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON