Маријана и Мишела на Изборно првенство се борат за место во репрезентацијата

Близначките Маријана и Мишела Димоски пристигнаа од Австралија за настапат на Државното изборно првенство за кадети, јуниори и јуниори У-21, како и на Бергер турнирот и на Светскиот куп во Умаг, Хрватска.

Целта на долгиот пат е да обезбедат учество на Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори У-21 од 25 до 29 октомври во Санта Круз на Тенерифе, Шпанија.

Маријана и Мишела ќе настапат во поединечна конкуренција, но и во екипна со Кирјана Камечска.

Да потсетиме дека тие фамилијарно се заминаа во Австралија. За настапот на Државното изборно првенство сами си ги сносат трошоците.

Ката тимот на претходното Светско превнство во Џакарта во 2015 година го освои сребрениот медал, а на Европското првенство во Лимасол, Кипар, минатата година бронзениот, како и на ЕП во Лисабон 2014. Штета што оваа година не учествуваа на ЕП во Софија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО