Конор до Дана: Тони Фергусон не заслужува ни денар

И покрај разликите во минатото, претседателот на УФЦ Дана Вајт и шампионот во лесна категорија Конор Мек Грегор секогаш имале добри работни односи.

Всушност, Вајт призна дека му дава слобода на Ноториус да каже или направи што сака, бидејќи Ирецот секогаш се качува на бродот, без оглед на противникот. За жал на Дана Вајт, не секој е подготвен да прифати битка во последен момент, како што беше случајот со Тони Фергусон, откако одби да се сретне со Мајкл Џонсон по еднодневната најава, а дојде како последица на повлекувањето на Хабиб Нурмагомедов од УФЦ 209.

За време на интервјуто со Снуп Дог на ГГН Њус, Вајт откри интересна порака што ја добил од Конор по неуспехот на настанот.

„Откако настанот со Tony и Хабиб пропадна, Конор ми испрати соопштение во кое вели: Не можам да поверувам дека ќе платиш и долар на овој сокол Фергусон. Не би требало да му дадеш ни денар. Тој беше таму, направивме да има борба со Мајкл Џонсон откако Хабиб се повлече и тој одби. Ебати безделникот. Така мисли Конор – секогаш треба да има борба. Тоа е една од многуте работи кои ми се допаѓаат кај него. И само не зборува, бидејќи стоев во дневната, гледајќи го кога му реков дека противникот одбива да се бори, а на него не му беше гајле, само сакаше да се пресмета“.

Навистина, кога Хозе Алдо беше принуден да се откаже од борбата со Мек Грего на УФЦ 189 на крајот беше заменет од Чад Мндез. Ноториус не го загуби ритамот и продолжи да се пбори до последната минута и на крајот го победи Мендез со нокаут во втората рунда и ја освои привремената титула во категоријата.

Пет месеци подоцна Конор го победи Алдо за 13 секунди, за да ги обедини титулите и да заработи еден милион долари за двете борби.

Што се однесува до Тони, причината да се откаже од битката за кратко време се должи на фактот што мечот не е за привремена титула и парите што ќе ги добие се доста помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО