Даниел Стефановски брка трета победа во К-1 на Суперкомабат

Даниел Стфановски на Суперкомбат во Романија оди за да ја продолже победничката серија во К-1, и трета во оваа организација, која треба да му овозможи настап во САД во април.

Во претходната борба Стефановски го совлада Настасе Богдан. Стефановски (-81 кг) во Букурешт се бори и за настрап на турнирот во САД следниот месец.

Стефановски и овој пат се среќава со Романец, Алекс Филип.

„На 12 март ја имам третата борба во Суперкомбат – најголемата организација во Европа, односно во Топ 5 најодбрите во свет (Суперкомбат е романска организација за профи кик бокс). Досега немам пораз. Алекс Филип е квалитетен борец и зад себе има големо искуство и е без пораз. Тој тренира во Холандија и ова ќе биде голем предизвик за мене. Мојата цел е да дојдам до триумф за да можат да се квалификувам за натпреварите на 8 април кои ќе се одржат во САД“, изјави Стефановски за Ipon.mk.

Стефановски имаше подолга пуаза по последната борба,но времето не го губеше.

„Добро се подготував за овој меч. Имав силни подготовки и целосно сум фокусиран на оваа средба против Филип. Очекувам добра борба и се надевам на победа“,  нагласи Стефановски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО