Жолти и црвени картони за недисциплинираните тренери и борачи

Biser sudii 3

На семинарот за тренери, судии и делегати што се одржа во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на 4 февруари судиите имаа за задача да ги запознаат учесниците на тема официјалните правила на ОСБ/UWW за слободниот стил и нивната примена. 

Seminar za borenje

Спортските работници и борачите треба да читаат од исти страници,  па во делот на етиката зборувавме за лошите искуства кои не ги санкционираме навремено, а резултираа со недоразбирања меѓу судиите, борачите и тренерите. Имено, никако  не смее тренер или борач да му довикува на судијата, да го навредува, да му пречи во работата додека се одвива борбата на душекот, затоа што тоа би значело првенствено жолт картон за тренерот или борачот, доколку продолжи и црвен, а тоа е дисквалификација од турнирот. Картоните судијата на душекот ги дава со одобрување и на претседателот на душекот. Претседателот на душекот може и сам да додели картон без да бара одобрение од никого, доколку дојде до ситуација како горенаведената.

borenje bogdanov

Секое намерно повредување на противникот, како што се гризање, удирање со главата во телото на противникот, недозволено удирање по тилот, кубење, боксување и слично, треба навремено да биде санкциониран со тоа што ќе биде јавно опоменет (О), а на противникот ќе му се додели 1 поен. За сите други несакани, ненамерни дејства, кои не се дел од фер борбата, борачот прво се опоменува за истото да не го повторува, но доколку го повтори се казнува со јавна опомена (О) и 1 поен за  противникот.

Доколку, којбило од борачите прв излезе со цело стапало надвор од зоната во стоечка позиција, тогаш противникот добива поен. Но, доколку борачот во стоечка позиција ја допре заштитната површина само со дел од стапалото, борбата продолжува без да се додели поен.

За акција која борачот ја почнал од дозволениот дел на душекот и ја завршува на заштитната површина, без разлика што излегол стоечки на заштитната површина, не се казнува со поен за противникот, напротив, му се доделуваат онолку поени колку и што се вреднува зафатот.

Секој зафат што е во партер позиција се вреднува со 2 поени. Зафатите со голема амплитуда од партер позиција се вреднуваат со 3 поени.

Секој зафат од стоечка позиција се вреднува со 3 поени, но доколку е со исклучителна амплитуда и во директна опасна туш позиција се вреднува со 5 поени.

Туш настанува тогаш кога противничкиот борач ќе биде во туш позиција, односно со двете рамења положен на душекот онолку време се додека судијата на душекот не констатира дека е туш, да добие одобрение од бодовниот судија или во отсуство на согласност од бодовниот, од претседателот на душекот и тогаш дава сигнал со свирење и прогласува туш.

Доколку тренерот смета дека судиите погрешно донеле одлука во врска со бодувањето и дека на кој било начин го оштетиле неговиот борач, освен во ситуација на досуден туш, тогаш може да бараат challenge („протест“, иако преведено од англиски значи „предизвик“) . Тоа се прави во рок од 5 секунди по доделените поени на судиското тело, при што тренерот на душекот го фрла мекиот предмет (вообичаено син или црвен сунгер)  со боја на дресот  на неговиот борач на душекот. Судијата на душекот е должен да ја сопре борбата, а доколку борачите се се уште во акција да ја исчека акцијата и да ја сопре борбата. Го прашува борачот дали се согласува со одлуката на неговиот тренер да бара challenge. Доколку не се согласува, тогаш борбата продолжува, но, ако се согласи, се информира делегатот на турнирот.  Делегатот на турнирот ја прегледува официјалната видео – снимка па со консултации со судиското тело донесува одлука. Ако одлуката е спротивна на онаа што ја донело судиското тело, се исправа грешката со поените и се враќа мекиот предмет на тренерот, во случај повторно да му притреба да побара challenge до крајот на борбата. Но, доколку одлуката на судиското тело била точна, мекиот предмет останува на масата кај претседателот на душекот, тренерот на дотичниот борач нема право до крајот на борбата повторно да бара challenge, а на противникот му се доделува 1 поен.

Sudii borenje so armija 2016

Присутните беа запознаени дека по подолг временски период униформата на судиите е заменета и неминовно е да се суди со судиски дрес. Дресот мора да се порача електронски, со водење сторга евиденција за секој судија и да се внесат кодирани податоци од лиценцата на секој интернационалец. Во спротивно, ОБС забранува судијата кој нема порачано дрес да суди на кое било првенство на меѓународно ниво.

Пишува:

Игор Христов – меѓународен судија во борење

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО