Арум: Коралес е следниот противник на Ломаченко

Vasil Lomacenko slavi

Челникот на Топ ранг, Боб Арум, работи на мечот за обединување на титулите во суперлесна категорија.

Преговорите за борбата помеѓу ВБО шампионот Васил Ломаченко (7-1, 5 КО) и ВБА шампионот Џезрил Коралес (21-1, 8 КО).

Арум вели дека борбата е планиран за 8 или 15 април.

„Ломаченко ќе се бори на 8 или 15 април. Се уште не сме ги затвориле преговорите, но најверојатно тоа ќе биде борба за обединување“.

Украинецот во јуни минатата година стана двократен светски шампион нокаутирајќи го Роки Мартинез, а потоа во ноември издоминира против Никола Волтерс.

25-годишниот Панамец ја освои ВБА титулата со нокаутирајќи го претходно непоразениот Такаши Учијама во април. Коралес докажа дека таа победа не е случајна, бидејќи го совлада Јапонецот на поени и во реваншот на новогодишната ноќ во Токио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО