Продадени преку 80.000 влезници за двобојот Џошуа-Кличко

Dzosua Klico lice v lice

Денес во продажба беше пуштен вториот контингент на билети за борбата помеѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко на Вембли на 29 април.

Интересот за оваа борба е исклучително, бидејќи вкупно сепродадени повеќе од 80.000 билети.

Вториот контигент на влезници е продаден за еден час и бројот на продадени билети го надмина рекордот кој го држаа Карл Фроч и Џорџ Гроувс за нивната борба во 2014 година.

„Побарувачката за билети е исклучителна. Ова без сомнение е најголемата борба во историјата на британскиот бокс и би го распродала Вембли и двапати да е поголем“, рече промоторот Еди Херн.

„Мораме да испратиме барање до канцеларијата на градоначалникот на Лондон да овозможи проширување на капацитетот за уште 5.000. Убедени сме во позитивниот исход на барањето и наскоро ќе ја објавиме нови вести“.

Џошуа на Вембли ќе ја брани својата ИБФ титула – светски шампион во тешка категорија, а ќе се бори и за слободната шампионска титула ВБА „супер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО