Договорен е мечот Гарбранд и Т.Ј. Дилшоу, борците претставени како тренери во новата ТУФ

Garbrandt i Dillashaw

Во текот на УФЦ фајт најт 103 стигна известување дека следната 25-та сезона на Утмејт фајтерс како тренери ќе ја водат Коди Гарбранд и Т.Ј. Дилшоу. Со тоа е потврдена и првата одбрана на појасот за новопечениот првак во бантам категоријата.

Средбата на бившите колеги од Алфа меел ќе се одржи на настанот кој промоцијата треба допрва да го состави.

Новата ТУФ сезона ќе го носи насловот „Редемтејшн“, а треба да ги собере групите на велтерашите кои ги сочинуваат минатите ТУФ победници, натпреварувачи, но и еден борец кој е моментално активен член во УФЦ.

Првата епизода ќе се емитува на 19 април со траење од два часа. Листата на борци кои ќе настапуваат се уште службено не е објавена.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО