Мајк Тајсон влезе во ВИП Брадер во Бугарија со две згодни девојки

majk-tajson-vo-boks-denovi

Многу е жешко тука, рече боксерската легенда.

Железнииот Мајк конечно го мина прагот на најпознатата куќа во Бугарија. Денес гледачите на „ВИП Брадер“ го проследија во живо влегувањето на легендата и реакциите на цимерите. За настапот во ова шоу Тајсон ќе добие 500 илјади евра, барем така пишуваа бугарските медиуми.

„Многу е топло тука“, изјави тој при влегувањето во шоуто со две девојки, кои го придружуваа.

„Сакам да ги израдувам луѓето. Тоа го правам, откако веќе не се тепам. Сега тренирам со малата ќерка, која тренира тенис“, изјави Мајк за најмалата рожба.

„Не боксирам, но сигурен сум дека во битките во куќата нема да ме тепаат“, изјави со насмевка тој и рече дека нема идеја што може да се очекува од него при преносот.

majk-tajson-vo-vip-brader
За престој во Бугарија Мајк Тајсон има краток список со барања, главно поврзани со храната, бидејќи легендарниот боксер не јаде свинско месо, тој побарал од организаторите на менито да има: печено пилешко, зеленчук, печурки, артишок, брокула и зелка. Тајсон изјави исто така дека сака супа Мишо и пенета со сос маринаран. Излегува дека боксерот е голем поддржувач на индиската кујна, бидејќи меѓу посакуваните од него гозби има и многу индиско: пиле Тандури, пилешко Тикал, како и јагнешко или козјо кари.

Омилените плодови во менито на Мајк Тајсон за време на неговиот престој во Бугарија се цреши, диња, јаболка, круши и банани, а за пиење сака изладена минерална вода, сок од калинка, чај од нане со мед, чај од трендафил и енергетски пијалок Black Energy на која е неговото лице.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО