АктуелноМеѓународна сценаММА

Погледнете како ќе изгледа ликот на Конор Мек Грегор во новото продолжение на „Call of Duty“ (ФОТО)

conor-mcgregor-call-of-duty

Пред отприлика десетина дена се појави информација дека актуелниот шампион во перолесна категорија, Конор Мек Грегор, ќе биде дел од најновото продолжение на популарната игра „Call of Duty“. Благодарение на Твитер објавата на ирскиот борец, од сега можеме да видиме како точно ќе изгледа неговиот лик.

„Кога на најголемите и требаат најизопачените за завршување на работа, јас одговорам на повикот“, изјави Мек Грегор со слика на неговиот лик од „Call of Duty: Бесконечна војна” (продолжението).

Уште од порано е познато дека на ѕвездата на УФЦ  друштво во играта ќе му направи актерот Кит Харингтон, најпознат по улогата на Џон Сноу во серијалот „Игра на троновите“.

konor-na-tviter

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON