Нејт Дијаз: Секој пат си мислам дека ќе бидам нокаутиран

Nejt Dijaz so iskrivena glava

Само на уште неколку денови пред реваншот со Конор Мек Грегор на УФЦ 202 Нејт Дијаз откри интересни детали за начинот на кој влегува во еден дуел.

Тој гостуваше во популарното ток шоу Конан и истакна дека секогаш презема еден предизвик со негативна претпоставка дека ќе биде нокаутиран.

„Уште на почетокот ја отпишувам целата работа. Велам дека најверојатно ќе ме нокаутираат. Само го прифаќам тоа. А тогаш, излегувам таму и ги оставам работите да се случуваат. Но, кога тие не се случуваат, а јас излегувам победник, тогаш е навистина возбудливо“.

Нејт Дијаз во претходниот меч со Мек Грегор на УФЦ 196 го прифати на повик и без можноста да тренира како што знае. Тој призна дека секогаш се чувствува нервозен пред да стапне во октагонот.

„Јас сум реалист, човече. Го прифаќам фактот дека постои можност да бидам соборен на подот и дека може да биде навистина срамно. Го прифаќам и треба да се погрижам да не се случи тоа. И се надевам дека ќе бидам победник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО