Нејт Дијаз и Конор Мек Грегор си разменија закани на ТВ шоу (ВИДЕО)

Nejt Dijaz vo tok sou

Нејт Дијаз гостуваше во ток шоуто Конан, па дури и да не беше во студиото, Конор Мек Грегор немаше да пропушти а не да потсети за себе. Тие ќе се сретнат на УФЦ 202 во август.

Ирскиот борец беше пуштен во етерот со специјално видео обраќање, насочено спрема следниот противник во октагонот.

„Сфати го овој меч многу, многу сериозно. Момчето минатиот пат доби на лотарија. Тој го знае тоа подобро. На 20 август ќе ја имам својата одмазда и немам трпение“.

Ноториус  не пропушти да го демонстрира остриот јазик, исмејувајќи се на Нејт Дијаз за неговиот во моден избор.

„Само се надевам дека тој не е таму, носејќи ја оваа глупава црна маица, која никогаш не ја соблекува. Момчето носи иста маица последните 20 години“.

На крајот на видеото Дијаз ја иронизира ситуацијата и  истакнувајќи ја раскопчана облека, за да покаже дека токму под неа носи црна маичка. Потоа се закани дека на 20 август повторно ќе го победи Ирецот.

„Вистината излезе на виделина, а на 20 август повторно ќе се случи тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО