Две победи со ипон за Даниел Филипов во џудо Ландес лигата во Германија

Daniel Filipov dzudo 2016 juni

Даниел Филипов-Смок, поранешниот борач на Спартак од Кочани, вчера имаше три борби во Ландес лигата во џудо за ЏК ЕЛЗ и скор од две победи и еден пораз.

Daniel Filipov dzudo 2- 2016 juni

„Противниците ми беа од Франкфрут, Висбаден, и се борев до 100 килограми. Мора да истакнам дека го доживеав и првиот пораз во Германија (и во џудо и во борење). Поразот беше моја грешка, бидејќи во џудото немам работено со нозе, а јас ја упптребив мојата акција од борење со нозете и ја загубив борбата. Инаку двете борби ги одбив со ипон. Се надевам дека идната сабота ќе поминам без пораз“, вели Даниел Филипов.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО