АктуелноБоксДомашна сцена
ЕКСКЛУЗИВНО: ИО за свикување на вонредно Собрание на Боксерската федерација нема накого да го предаде барањето
Иницијативниот одбор за свикување на вонредно Собрание на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) во состав Оливер Станоков, Фатон Салиху и Илија Младеносвки нема на кого да го предаде барањето.
Секретарот на Федерацијата, Душко Сачкарски, не е во канцеларијата, која им е дадена на услуга поради тешката ситуација, бидејќи со месеци не земал плата, можеби и години.
Да потсетиме дека БФМ е суспендирана од страна на АИБА поради неплатена членарина за две години. Поради ова нашите боксери Гоце Јанески и Јасин Лама не можат да учествуваат на Светското првенство. Од друга страна, „Златниот гонг“ е избришан од каленадарот ЕБУЦ.
Од Иницијативниот одбор велат дека речиси сите клубови ја поддржуваат иницијативата за вонредно Собрание.
Ipon.mk/В. Д.




