БоксПрофесионален

Билд: Пулев може да добие нова шанса за светската титула до крајот на годината

Pulev udira Cisora

Германскиот „Билд“, однонсо неговто електронското издание, пишува дека Бугаринот Кубрат Пулев уште го болат ребрата по нападите во телото на Британецот Дерек Чисора во саботата вечерта во борбата за европската титула во тешка категорија.

„Но, европскиот шампион Кубрат Пулев може да добие нова шанса да се бори за светската титула до крајот на годината. Шампион е Ентони Џошуа, а првото и второто место на ранглистата се испразнети. Едно од нив ќе биде пополнето од победникот на средбата на 21 мај меѓу Џозеф Паркер и Карлос Такам. Пулев ќе се бори против победникот од оваа средба, за да биде определен официјалниот предизвкувач“.

Задоволство од победата над Чисора изрази и тренерот на Пулев, Ули Вегнер.

„Тој ги покажа своите квалитети“, беа зборовите на 74-годишниот германски специјалист.

https://youtu.be/zoaQWQeTaSY

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON