Ентони Џошуа: Гледам како го победувам Тајсон Фјури

Ентони Џошуа е уверен дека има квалитети да го победи Тајсон Фјури во долгоочекуваниот британски судир, кој се очекува да се одржи кон крајот на оваа или почетокот на следната година.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија рече дека не го интересира во каква форма е неговиот сонародник бидејќи целосно верува во сопствените способности.
„Гледам начини да го победам Фјури. Не ме интересира дали ќе го покаже својот најдобар или најлош настап – неговата форма е неважна за мојата победа“, изјави Џошуа за ДАЗН.
36-годишниот Британец нагласи дека сè зависи од неговата подготовка и самодовербата со која влегува во рингот.
„Сигурен сум во себе и дека можам да го победам, без разлика на се. Само знам дека со работата што ја работам, ќе го победам Фјури. Не ме интересира како настапува, колку загревања има или колку добро изгледа. Сигурен сум дека ќе влезам во рингот со него и ќе го направам точно она што треба да го направам“.
Пред борбата од соништата меѓу двајцата Британци да стане реалност, и Џошуа и Фјури мора успешно да ги поминат следните тестови.
На 25 јули Џошуа ќе се соочи со Кристијан Пренга на гала вечета во Саудиска Арабија, додека еден ден претходно, Тајсон Фјури ќе се врати во рингот против ветеранот Мариуш Вах во Тајланд. Победите за двајцата би ја отвориле вратата кон една од најочекуваните борби во светскиот бокс во последниве години.



