АктуелноДомашна сценаММА

Нинџицу клубот Битола викендов со 10 натпреварувачи на Октагон во Ставрос

Со 10 натпреварувачи Нинџицу клубот Битола викендов, 4 јули, ќе настапи на Меѓународниот турнир Октагон во Ставрос, Грција, од летната серија во ММА и граплинг (сабмишн онли).

Со 10 учесници ќе настапи ММА турнирот, при што за некои од нив ова е дебитански настап, но има и искусни натпреварувачи кои одржуваат натпреварувачки менталитет и очекуваат следно борби во поголеми организации.

На турнирот ќе настапат:

Иван Апостоловски – Џијани Безанидис (Грција) деца
Мартин Петровски – Кристос Безанидис (Грција) деца
Филип Трифуновски – Димитрис Клисијарис (Грција) кадети
Јован Којдовски – Дрилон Ќороли (Албанија) јуниор
Дарио Талевски – Антео Цука (Албанија) сениори
Кристијан Станојковски – Василис Василареас (Грција) сениори
Валентин Илиевски – Џијанис Карабелијас (Грција) сениори
Трајче Мицевски – Кристофорос Анастасиу (Грција) сениори
Игор Додевски – Тед Шабани (Албанија) сениори

Сениорот Кирил Стефановски ќе се бори во главната борба на вечерта против Гркот Танос Караманолис. А искусниот џиу џицу борец Филип Божиновски ќе настапи граплинг и ќе ги одмери силите со Андреас Димитриадис од Грција.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON