АктуелноКаратеПремиер лига

Матеј Белистојаноски со добар настап на финалето на Премиер лигата, сплет на околности и судиска неправда го одредуваа пласманот

Матеј Белистојаноски прв настапи на татамито во Рабат, Мароко, на последна Карате 1 Премиер лига за сезоната 2025/2026 и поради сплет на околности во групата не ги продолжи борбите иако доби две борби, а едната ја изгуби на прв освое поен, иако заврши нерешено 2-2 со Гркот Петрос Карас.

Од друга страна Матеј вели дека не му е досуден чист поен на 4 секунди до крајот со кој ќе обезбедеше и победа и пласман во четвртфиналето.

„Белистојаноски настапот го започна со несреќен пораз од грчкиот репрезентативец Карас. Во неизвесен меч, при резултат 2-2, победата му припадна на противникот по правило „сеншу“. Македонскиот каратист потоа покажа карактер и квалитет, забележувајќи две сигурни победи. Најпрво беше подобар од италијанскиот репрезентативец Тониоли со 4-3, а потоа убедливо го совлада полскиот претставник Жуда со резултат 6-2.

Во група во која дури тројца натпреварувачи завршија со по шест освоени бодови, понатаму се пласира италијанскиот репрезентативец, кој имаше подобра поен-разлика и само два освоени поени повеќе од Белистојаноски. Токму тие два поени Италијанецот ги обезбеди во последните секунди од дуелот со грчкиот репрезентативец“, вели неговиот тренер Александар Кузмановски и додаде:

„Иако остана без пласман во четвртфиналето, Матеј Белистојаноски освои значајни бодови на светската ранг-листа, кои ќе му овозможат да остане меѓу 20-те најдобри каратисти во светот во својата категорија.
Со тоа, македонскиот репрезентативец ќе ја започне новата сезона со сериозни амбиции и ќе атакува на пласман на Светското првенство и на Европските игри, потврдувајќи дека припаѓа во самиот светски врв на овој спорт“.

Честитки за Матеј Белистојаноски за борбеноста и достојното претставување на Македонија на најелитната светска карате сцена!

Утре настапува Вероника Костовска.

По турнирите во Истанбул, Рим и Лешан, светскиот карате крем во Рабат на големото финале на сезоната, каде што покрај медалите и вредните ранкинг поени, од кои зависат пласманите за Светското првенство и Европските игри, ќе се решава и прашањето кој ќе ја понесе престижната титула „Голем Победник“ во својата категорија.

Резултати – Премиер лига:

61 кг  група 5
Вероника Костовска – Барбара Хуакиман (Чиле)
Вероника Костовска – Дуа Раби (Германија)
Вероника Костовска – Емина Шиповиќ (Босна и Херцеговина)

67 кг
Матеј Белистојаноски – Петрос Карас (Грција) 2-2
Матеј Белистојаноски – Алвисе Тониоло (Италија) 4-3
Матеј Белистојаноски – Доминик Жиуда (Полска) 6-2

Трет во група

Доминик Жиуда (Полска) – Алвисе Тониоло (Италија)1-4
Петрос Карас (Грција) – Доминик Жиуда (Полска)  5-4
Доминик Жиуда (Полска) – Алвисе Тониоло (Италија)  4-7

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON