АктуелноБоксДомашна сцена

Претседателот на Македонската боксерска федерација Кристијан Андреевски се сретна со Генади Головкин, претседател на Светски бокс

Претседателот на Македонската боксерска федерација, Кристијан Андреевски, имаше средба со првиот човек на Светскиот бокс (World boxing) Генади Головкин на Меѓународниот турнир „Белградски победник“ во Белград.

Андреевски и Головкин разговараа на повеќе теми, како за олимписките квалификации, стручна подрршка на федерацијата, организирање кампови и друго. Притоа Андреевски го покани Головкин да ја посети Македонија, особено ако може да биде гостен на Меѓународниот турнир „Златен гонг“.

Претседателот на Светски бокс се заблагодарил на поканата и рекол дека во првата прилика што ќе му се укаже ќе ја посети нашата земја.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON