
На меѓународниот турнир во олимписко таеквондо „Астерикс куп Е3“ во Ниш, Србија, со учество на над 1400 натпреварувачи од целиот свет, македонските претставници остварија одлични резултати освојувајќи златен, сребрен и два бронзени медали.
Теодор Стојановски (ТКД Бутел) – јуниор -63 кг
Златен медал и освоени 30 поени за европската ранг-листа.
Прво коло – слободен
Второ коло – победа 2-0 над Рони Гашински (Израел)
Полуфинале – победа 2-0 над Марко Смиљаниќ (Србија)
Финале – победа 2-0 над Душан Ковиќ (Србија)

Душица Бреалиева (ТКД Штип) – јуниор -55 кг
Сребрен медал.
Прво коло – слободна
Второ коло – победа 2-0 над Неда Крстиќ (Србија)
Трето коло – победа 2-0 над Мајновиќ Мајке (Хрватска)
Финале – пораз 1-2 од Цвети Славова (Бугарија)
Ведрана Тунески (ТКД Бутел) – кадет -51 кг
Бронзен медал.
Прво коло – победа 2-0 над Симона Маринова (Бугарија)
Второ коло – победа 2-1 над Ема Бикиќ (Хрватска)
Полуфинале – пораз 0-2 од Викторија Кулишева (Бугарија)

Филип Симоновски (ТК Младост) – кадет -57 кг
Бронзен медал.
Прво коло – победа 2-0 над Патрик Лончар (Хрватска)
Полуфинале – пораз 0-2 од Јаков Џорџевиќ (Србија)



