Увејс Фејзулаху трет на „Голо Брдо купот“ во традиционално борење, Зашков и Миланов извојуваа по две победи

На Меѓународниот турнир во традиционално борење „Голобордо куп“ во Голо Брдо, Албанија, успешно се одржа спортски настан кој за првпат беше организиран на меѓународно ниво со учество на борачи и делегации од повеќе земји.
Дел од овој спортски настан беше и репрезентацијата на Македонија со четири претставници, како и делегација на Федерацијата за традиционално борење на Северна Македонија.

Во тешка категорија, познатиот борач Увејс Фејзулаху оствари значаен успех освојувајќи го третото место. Победник на турнирот беше претставникот од Албанија, Парис Карепи, на кого традиционално му беше доделен овен, како симбол на победникот на турнирот.

Стефан Зашков и Александер Миланов победија по две борби, при што покажаа добро и квалитено борење.

Исто така, делегацијата на федерацијата предводена од претседателот Хамид Бакија реализираше средба со претседателот на Здружението за традиционално борење на Албанија, Скендер Рама, кој воедно беше и главен организатор на спортскиот настан, каде што се разговараше за понатамошна соработка и развој на традиционалното борење во регионот.



