АктуелноМеѓународна сценаММА

Стрикленд сака да се бори на УФЦ Фридом 250 во Белата куќа

Шон Стрикленд изјави дека сака да учествува на гала вечерта УФЦ Фридом фајтс 250 во Белата куќа која ќе се одржи на 15 јуни во Вашингтон. Ова го објави ММА прос пик.

Новиот шампион во средна категорија призна дека победата над Хамзат Чимаев целосно ги променила неговите планови: „Сакам да се борам на турнирот во Белата куќа… Сакам да одам таму и да ги претставувам Соединетите Американски Држави“.

Стрикленд додаде дека при пораз од Чимаев немало да се чувствува комфорно да учествува на таков настан: „Не би отишол ако изгубев, бидејќи ќе ми беше срам… Но, сега очигледно морам“.

Со победата на УФЦ 328, Американецот повторно стана шампион во средна категорија и сега има професионален скорд од 31 победа и 7 порази. Се очекува УФЦ Фридом 250 да биде еден од најдискутираните настани на организацијата во текот на годината.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON