Хаос на соочувањето! Чимаев го удри со нога Стрикленд, ги разделија вооружени полицајци (ВИДЕО)

Тензиите пред претстојниот спектакл на УФЦ 328 достигнаа врв по хаотичниот судир меѓу Хамзат Чимаев и Шон Стрикленд за време на официјалното соочување што следеше по вчерашната прес-конференција во Њуарк.
Предводниците на настанот УФЦ 328 со недели беа во жесток вербален конфликт, кој ги надминува вообичаените „валкани муабети“, а високи тензии беа присутни во текот на целото соочување, со меѓусебни навреди и провокации. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, претходно изјави дека најголемата светска MMA организација презема дополнителни безбедносни мерки поради страв од можен инцидент меѓу двајцата борци во средна категорија.
Чеченецот (со пасош од Обединетите Арапски Емирати) и Американецот, сепак, мораа да стојат еден спроти друг во еден момент, а тоа се случи за време на првото сооќување, по што дојде до ескалација. Чимаев и Стрикленд стоеја на растојание, опкружени со бројни обезбедувачи и вооружени полицајци, а „Борз“ во еден момент ја изгуби контролата и го удри противникот со нога. После тоа, интервенираа силни безбедносни мерки и ги одвоија борците на спротивставени страни. Погледнете точно како изгледаше тоа во следното видео.
View this post on Instagram
Можеме да заклучиме дека тврдењата на одредени медиуми и аналитичари, за тоа како ривалството и „возбудата“ околу борбата меѓу Чимаев и Стрикленд се едни од најголемите во модерната ера на УФЦ, изгледаат сè поосновани како што се приближуваме кон финалната пресметка – која ќе се одржи ноќта од сабота кон недела (македонско време) под рефлекторите на Пруденшал центарот.



