АктуелноМеѓународна сценаММА

Трамп и ѕвездите на УФЦ го претставија специјалниот појас за УФЦ Фридом 250 во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп и главните ѕвезди на претстојниот турнир УФЦ Фридом 250 се сретнаа денес во Овалната соба на Белата куќа, каде што официјално го претставија специјалниот шампионски појас за настанот.

За време на прес-конференцијата беше прикажан уникатниот дизајн на појасот, кој ќе им биде доделен на победниците од шампионските борби на гала вечерта.

Настанот дополнително го нагласи историскиот карактер на УФЦ Фридом 250, кој се очекува да се одржи во привремена арена пред Белата куќа и веќе е рекламиран како едно од најголемите шоуа во историјата на организацијата.

Интересен факт е дека ова е само вториот специјален шампионски појас некогаш создаден од UFC.

Првиот таков појас беше направен за УФЦ Ноче во 2023 година – настан посветен на мексиканската култура. Појасот тогаш го освои Алекса Грасо, која ја задржа титулата по нерешениот резултат против Валентина Шевченко.

Новиот појас за УФЦ Фридом 250 е инспириран од американскиот симболизам и патриотската тема на настанот, кој е организиран со активна поддршка од Доналд Трамп и неговата администрација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON