Тренерот на Чимаев: Хамзат се смееше на заканите на Стрикленд

Хамзат Чимаев не е импресиониран од заканите на Шон Стрикленд пред нивниот судир на УФЦ 328, откри неговиот тренер Алан Насименто – Финфу во интервју за ММА фајтинг.
Тензиите меѓу двајцата ескалираа откако Стрикленд за време на медиумски настан рече дека ќе „извлече пиштол“ ако има конфликт за време на неделата на борбите.
Според Насименто, сепак, реакцијата на Чимаев беше повеќе од смирена:
„Кога си подготвен за нешто и знаеш дека доаѓа, тоа веќе не те изненадува. Хамзат дури ни не го видел ова. Му го покажавме наутро, го погледна, се насмеа и веднаш отиде на тренинг“.
Тренерот нагласи дека ваквите изјави се дел од играта:
„Тоа е само Шон Стрикленд. Овие работи се нормални во денешно време – секој користи што може за да го поколеба другиот“.
Сепак, тој направи и разлика:
„Но, зборувањето за оружје… тоа е бесмислица. Никој никогаш нема да стигне до таму. Нема смисла“.
Според него, Чимаев совршено се справува со тензијата околу борбата и останува целосно фокусиран на својата подготовка.
Се очекува шампионот да му одговори на противникот за време на медиумскиот ден, но неговиот табор е убеден дека ова е едноставно дел од психолошката игра пред еден од најжешките мечеви во годината.



