
Милош Цветиќанин е едно од најзначајните имиња на регионалната кик бокс сцена. Борец кој го потврдува својот потенцијал и натпреварувачка зрелост од еден до друг настап. Познат по својот агресивен пристап и високо темпо, често презема иницијатива и наметнува ритам што создава големи проблеми за неговите противници.
Во текот на досегашната кариера, тој се етаблираше како борец кој не калкулира, туку постојано бара можност за доминантен настап, без разлика дали преку притисок, комбинации или контрола на борбата. Токму овој стил му го донесе вниманието на публиката и статусот на еден од највозбудливите борци во списокот на Глори.
Сега се соочува со можеби најголемиот предизвик во кариерата, борба за титула против актуелниот шампион. Овој настап претставува одлична можност да се искачи на светската сцена, но и потврда дека припаѓа на самиот врв во тешката категорија во рамките на организацијата Глори.
Глори официјално објави дека Мори Крома и Цветиќанин ќе бидат главни на настанот „Колишн 9“, кој е закажан за 13 јуни во арената „Ахој“ во Ротердам, а во прашање ќе биде шампионската титула во тешка категорија!
View this post on Instagram
Ова е меч кој првично беше закажан за финалето на турнирот „Last Heavyweight Standing“, но мораше да се одложи откако Цветиќанин се повреди по две исклучително тешки борби во истата вечер. Истата вечер Крома беше крунисан за нов шампион во тешка категорија на Глори, а сега ќе ја има првата одбрана на појасот против Цвјетиќанин.
„Едвај чекам да покажам дека освојувањето на титулата е само почеток“, рече Крома пред претстојниот судир.
Ова е дуел меѓу две од најбрзо растечките ѕвезди во светскиот кик бокс, и се очекува да биде спектакл што љубителите на боречките вештини не сакаат да го пропуштат. Билетите за настанот наскоро ќе бидат достапни во претпродажба преку официјалната веб-страница на организацијата.
Сè што останува е да му посакаме среќа и успех на Цвјетиќанин пред најголемата борба во неговата кариера досега. Со среќа, Милош!
Фото: Скриншот



