АктуелноБоксДомашна сцена

Матеј Чатлекси е подготвен за шоу во Бор-ќе го бодрат 150 навивачи

„Ви благодарам на сите за поканата за учество на овој турнир, се надевам на многу акција во мојата борба и жестоки четири рунди“.

Матеј Чатлески е едно од главните имиња што ќе се појават на спектаклот во Бор (28 март) како дел од Балкан боксинг 7, каде што во рингот ќе ги видиме најдобрите натпреварувачи од овие простори. Негов противник ќе биде Милош Јањанин од Приједор.

Матеј денес зборуваше на прес-конференцијата по повод овој настан, и истакна дека се надева дека ќе има многу акција и дека ќе бидат борбени рунди со противникот.

„Ви благодарам на сите за поканата за учество на овој турнир, се надевам на многу акција во мојата борба и жестоки четири рунди“.

Тој вели дека ќе има голема поддршка од публиката, односно дека околу 150 навивачи ќе дојдат да го бодрат.

„Има голем интерес, Македонија учествува на толку големо натпреварување, сака да види квалитетен боксер од мала земја, да покаже дека можеме да се бориме на највисоко ниво. Ќе има околу 150 навивачи“, вели Чатлески.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON