ТКД Штип освои 17 медали на „Охрид опен“

Нова берба на медали за Таеквондо клуб Штип на Меѓународниот турнир „Охрид опен“, освојувајќи 17 медали -:7 златни, 6 сребрени и 4 бронзени.
За најдобар јуниор на турнирот беше прогласен Максим Арсовски.
Медалите ги освоија:
Деца група 1
+ 40 кг Божидар Крстовски – златен
–36 кг Софија Крстовска – златен
+ 40 Лина Крстева – сребрен
Деца група 2
-36 кг Божидар Димитров – златен
-40 кг Павел Славков – бронзен
-44 кг Максим Арсовски – златен
-27 кг Миа Митрова – сребрен
Кадети А
-33 кг Илијан Ампев – сребрен
-37 кг Михаил Крстев – четврто место
-49 кг Антонио Арсовски – бронза
-61 кг Павел Басаров – сребрен
-47 кг Софија Ристова – златен
+59 Елена Николова – бронзен
Јуниорки
-49 кг Андреа Илиевска – сребрен
-55 кг Милена Кристал Крстовска – сребрен
-55 кг Паола Арсовска – златен
-59 кг Душица Бреслиева – златен
Сениорки
-62 кг Драгана Ефтимовска – бронза
„Во силна меѓународна конкуренција нашите натпреварувачи покажаа одлични борби, голема борбеност и уште еднаш докажаа како достојно се бранат боите на клубот. Резултатите се уште една потврда за посветената работа на спортистите и тренерите“, вели тренерскиот братски тандем Сашко и Жарко Арсовски.



