
На Меѓународниот карате турнир „Арангеловац опен“ во Србија изминатиов викенд Олимпик спорт освои пет златне медали во пионерска и кадетска конкуренција.
Медалите ги освоија:
Вероника Костовска
Хира Фидани
Александар Петровски
Екипата Кадетки Жени
Екипно Пионери Мажи
„Спортскиот амбасадор Карате клуб Олимпик овојпат со своите млади натпреварувачи пионери и кадети повторно се врати со 5 златни со што ќе кажеме само дека продолжуваме со успешно претставување на државата“, велат од Олимпик спорт и додаваат:

„Ова е само најава на добри борби кои следат на нашиот Меѓународен турнир „Олимпик опен 2026“ кој ќе се одржи на 5 април и во салата Јане Сандански со голема конкуренција од државата и надвор, како вовед на Државното првенство за деца“.
Од клубот ја истакнуваат работата на тренерите Александар Кузмановски и Кристијан Младеновски и велат дека тие даваат мотив. Свој удел имаат и поискусните каратисти со европски, светски и младински олимписки медлаисти, за кои помладите истакнуваат дека тие им се идоли.
„Клубо постои веќе 20 години, а наша цел е да ја претставуваме Македонија, да освојувааме медали, да се пее нашата химна и нашето знаме највисоко“..



