
Повеќе од 350 боксери од 35 нации ќе влезат во рингот во Софија арена за 77-то издание на боксерскиот турнир „Странџа куп“.
Најстарото боксерско натпреварување во Европа официјално ќе биде отворено во понеделник, 23 февруари во 17:00 часот, а финалните борби ќе бидат на 1 март.
Публиката ќе види група европски, светски и олимписки медалисти, а меѓу учесниците ќе бидат водечки боксерски нации како што се Узбекистан, Казахстан, САД, Ирска, Германија, Англија, Австралија, Бразил, Велс и Украина.
Меѓу учесниците е и Македонија со најдобриот боксер Ален Рустемовски.



