АктуелноЕвропски првенстваКарате

Марко Џорлев е петти на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Кипар

Марко Џорлев го освои петтото место на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21откако во борбата за бронзениот медал вечерва загуби со тесен резултат од Словакот Давид Ковал со 1-2.

Марко Џорлев го освои петтото место на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21откако во борбата за бронзениот медал вечерва загуби со тесен резултат од Словакот Давид Ковал со 1-2.

Џорлев беше бликсу до бронзата во категоријата до 63 килограми во кадетска конкуренција, можеби ипмресиите ја намалија аргесивноста. Сепак, и ова е успех за каратистот од Штип и се надеваме дека во идните и побитни настапи максимално ќе ги користи шансите за медал.

Така, во кадетска конкуренција македонските каратисти освоија еден медал, засега е сребрен, а може да биде и златен во неделното финале, бидејќи Немања Младеновиќ се пласира во финалето во категоријата над 74 килограми. Младеновиќ во финалето ќе се бори со Омар Ѓоргичијани од Грузија.

Утре на татамито ќе се појават јуниорите.

На ЕП настапуваат 1276 каратисти со 1205 натпреварувачи од 47 држави.

Резултати Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол:

-63 кг
Марко Џорлев – Лука Ѓуриќ (Црна Гора) 9-3
Марко Џорлев – Семих Еминовски (Данска) 3-0
Марко Џорлев – Мог Мушегјан (Ерменија) 3-1
Полуфинале
Марко Џорлев – Рафаеле Балдасаре (Италија) 0-6
За бронза
Марко Џорлев – Давид Ковал (Словачка) 1-2

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON