Домашна сценаКарате

Промовиран Карате клубот во основање Зрновци (ФОТО)

Денес во Зрновци беше промовиран Карате клубот во основање Зрновци.

Професор д-р Чедомир Саздовски, претседател на Унијата на карате ветерани на Македонија со видео проекција објасни кои се придобивките од вежбањето карате до вештината и на спортско карате.

Саздовски се осврна и на историјата на каратето во салата на ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци.

Потоа истакнатите карате мајстори Љупчо Кафеџиоски и Славе Ѓорески направија демонстрација на карате техники на што присутните дечиња реагираа со возбуда. Покрај нив, демонстрација направија и Саздовски и Мишел Антонов, кој ќе го води клубот, инаку носител на мајсторски појас 3 дан во стилот вадо рју.

На презентацијата присуствуваа дечиња од ОУ „Синиша Стоилов меѓу кои имаше и професори каратисти, градоначланикот на Оштина Зрновци Ванчо Митев, директорката на училиштето Слаѓана Гаврилова и членови на Советот на Општина Зрновци, како и претставници на други институци од Кочани.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON