
На најголемата светска боречка сцена во Краснојарск, на 37. издание на легендарниот турнир „Иван Јаригин“ од 29 јануари до 1 февруари, Македонија има свој претставник – Адам Модосјан.
„Во категорија до 86 кг, меѓу 40 врвни борачи од целиот свет, Адам излегува на душекот со една цел – да се бори до последна секунда и гордо да ја носи македонската боја“, велат од БК Вардар и додаваат:
„Покрај него е и потпретседателот и тренер на Вардар, Гајдар Гајдаров, кој на овој турнир ја предводи моќната екипа на Дагестан со 80 борачи – доказ за довербата, знаењето и респектот што го ужива на светско ниво. Им посакуваме сила, фокус и победнички дух! Македонија и Вардар се со вас“!
86 кг Адам Модосјан (Македонија) – М.Алаџхаџаја (ХБЦ)



