Фјури се враќа во рингот на 11 април

Британскиот боксер Тајсон Фјури ќе се врати на рингот на 11 април кога поранешниот светски шампион во тешка категорија ќе се бори против Русинот Арсланбек Махмудов.
„Кралот на Ромите“, како што е наречен 37-годишниот Фјури, се пензионираше минатиот јануари по вториот пораз од Украинецот Александар Усик, но оттогаш навестуваше можно враќање на боксот.
Местото на борбата ќе биде објавено подоцна.
„Возбуден сум што се враќам. Моето срце отсекогаш било и отсекогаш ќе биде во боксот. Некој нека му каже на кралот дека асот се врати“, рече Фјури.
Неговиот противник Махмудов има 21 професионална победа во тешка категорија, вклучувајќи го и неодамнешниот триумф над Британецот Дејвид Ален во Шефилд во битката за интерконтиненталната титула во верзијата ВБА.
‼️ TYSON FURY RETURNS ‼️
Tyson Fury will take on Arslanbek Makhmudov on April 11th in the UK. 🇬🇧
The heavyweight bout will air live on Netflix. 📺 pic.twitter.com/GwgU9TGbFe
— Boxing Orbit (@boxing_orbit) January 28, 2026



