АктуелноДомашна сценаКарате
Во петок ќе се промовира Карате клубот Зрновци

Во петок во Зрновци ќе биде промовиран Карате клубот во основање Зрновци со презентација на карате до вештина и спортско карате во салата на ОУ „Синиша Стоилов“ со почеток во 13 часот.
Клубот ќе го води Мишел Антонов носител на мајсторски појас 3 дан во стилот вадо рју.
Се очекува на промоцијата да присустуваат познати имиња од карате спортот, како поранешни селектори и репрезентативци и носители на медали на најголемите меѓународни натпревари.

Ќе посетиме дека во 70-тите години во Зрновци имаше секција на Партизан од Кочани, бидејќи така налагаа законските одредби, а клубот го предводеше Ванчо Христов.



