АктуелноБоксПрофесионален

Агрон Смакиќи по спаринг драмата сака да се бори со Тајсон Фјури

Британскиот тешкаш Тајсон Фјури го објави враќањето на борбите по едногодишна пауза. Поранешниот шампион на ВБЦ повторно сериозно тренира со цел што поскоро да се врати на рингот, а според менаџерот Спенсер Браун, ова би можело да се случи веќе во април.

„Ромскиот крал“ сака да се бори против актуелниот шампион на ВБО Фабио Вордли и големиот ривал Ентони Џошуа, но неговиот тим сака постепено да се врати во форма. А бидејќи не боксирал од декември 2024 година, се очекува прво да има камбек против полесен противник.

Главен фаворит за противник на Фјури е Русинот Арсланбек Махмудов, а неодамна на таа листа се најде и Американецот Брендон Мур. Пред некој ден, неговиот поранешен спаринг партнер, Хравтот Агрон Смакиќи, изрази желба за меч против Фјури.

Хрватскиот тешкаш го привлече вниманието кон себе кога го повреди Фјури за време на спарингот во 2024 година. Британскиот борец по несреќата ја одложи борбата за апсолутната титула светски шампион во тешка категорија против Александар Усик.

Борбата требаше да се одржи во февруари во Саудиска Арабија, но беше одложена за мај. Усик со поделена одлука го победи Фјури во борбата за обединување на титулите.

А сега Смакиќи (21-3, 19 нокаути) сака да се обиде да добие шанса да се бори со Фјури, се чини дека двајцата повеќе не се во добри односи.

„Сè е можно. Би сакал да се борам со Фјури“, изјави Агрон Смакиќи за Скај спорс, а за спаринг инцидентот вели:

„Беше голема драма. А ако тој сè уште е „колбас“, би сакал повторно да го победам“.

Смакиќи се бореше против Агит Кабајел во февруари 2023 година и загуби со прекин во третата рунда. По тој пораз извојува уште две победи (Јожеф Кормани и Ласло Ивањи): Неговиот последен меч беше во октомври минатата година кога загуби од Артем Сусленков во Грозни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Agron1 (@agron_smakici)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON