АктуелноДомашна сценаММА

Гејбл Стивесон има нова станица на патот кон УФЦ – ќе се бори во Мексико

Еден од најжешките таленти во тешката категорија, Гејбл Стивeсон, ќе направи уште еден чекор кон можен договор со УФЦ. Непоразениот Американец (2-0) ќе се соочи со искусниот Уго Лесам (11-3) на турнирот во Мексико фајт лига 3, кој ќе се одржи на 19 февруари во Шоу центарот во Монтереј.

Организаторите го сметаат Стивесон за број 1 перспективен борец во тешка категорија на планетата“ – определба што целосно го одразува угледот на 25-годишниот олимписки шампион во борење. Стивесон е двократен освојувач на трофејот Ден Хоџ и двократен шампион во НЦАА дивизија I од Универзитетот во Минесота, како и освојувач на златен медал од Олимписките игри во Токио (2020/21).

По серијата експлозивни победи во ЛФА, Дрти бокс и Ентони Петис ФЦ, интересот од УФЦ и Дана Вајт е повеќе од очигледен. Сега шефовите на најголемата MMA организација ќе добијат уште една шанса да го гледаат одблизу.

Дебито на Стивесон во професионалната ММА беше во септември, кога го нокаутираше Брејди Питерсон за 98 секунди на ЛФА 217. Еден месец подоцна, го нокаутираше Били Свансон за само 15 секунди на Дрти нокс чемпионшип 4, а во ноември го нокаутираше Кевин Хајн за 24 секунди на Ентони Петис ФЦ 21.

Неговиот претстоен противник Лесама, на 37-годишна возраст, е најсериозниот тест за неговиот дострел. Девет од 11-те победи беа со нокаут или со завршница, што ветува прв вистински тест за борецот кого многумина го гледаат како идна ѕвезда во тешката дивизија на УФЦ.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON