АктуелноБоксПрофесионален

На Мозес Итаума му е понуден вистински тест во тешка категорија против опасен удирач

За само три години од професионалната кариера Мозес Итаума прерасна во врвен борец за кого многумина предвидуваат дека ќе биде иднината на тешката категорија.

Британската ѕвезда неодамна го прослави 21-виот роденден и веќе има 13 победи во исто толку натпревари, од кои 11 завршија со прекини во првите две рунди.

Најголемата победа на Итаума дојде во август минатата година кога со технички нокаут во првата рунда го победи сонародникот Дилиен Вајт.

Тој требаше овој месец да се бори против Американецот Џермејн Френклин, но се повреди за време на тренингот, а нивната борба беше одложена до март.

Били Нелсон, менаџерот на Мартин Баколе, изјави за Бокс сошл дека конгоанскиот борец е подготвен да се бори со Итаума.

„Мартин сака да се бори со Мозес, нема проблем. Во август минатата година, неговото име беше споменато, но не добивме никакви понуди“, рече Били Нелсон и продолжи:

„Кога Итаума се бореше со Вајт, нè прашаа дали Мартин сака да се бори со Мозес. Нашиот одговор беше – да. Оттогаш не сме слушнале од нив“.

Баколе ги доби последните четири борби против Џаред Андерсон и Карлос Такам, во февруари минатата година загуби со прекин во втората рунда од Џозеф Паркер, а во мај неговата борба против Ефе Ајагба заврши нерешено.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON