АктуелноДомашна сценаКарате
На Карате Гранд при Кроација ќе настапат 30 каратисти од македонските клубови

Викендов во Риека се одржува 34.Карате Гранд при Кроација на кој ќе настапат 30 каратисти од македонските клубови Макпетрол (5 со 9 влезови), Кеикс (5), Цветан Димов 2 со 3 влезови), Куштрими (1 со 2 влезови), Башкими (6 со 8), Фати (2) и Асиарт (9).
На турнирот ќе настапат 1270 каратисти со 1571 натпреварувачки влезови од 26 држави, односно 233 клуба.
Има отворени категории кои се со награден паричен фонд.



