АктуелноДруги вештиниСамбо
Македонија со четворица натпреварувачи на Европскиот самбо куп во Дубровник

Македонија ќе биде претставена со четворица натпреварувачи на Европскиот самбо куп во Дубровник, Хрватска, кој важи за еден од посилните турнири во регионот.
Боите на Македонија ќе ги бранат:
Бобан Данов +100 кг
Ахмед Факиќ -88 кг
Бенјамин Факиќ -79 кг
Стојанче Стојков -64 кг
На турнирот ќе учествуваат околу 250 натпреварувачи од 16 држави, меѓу кои Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Македонија, што ја потврдува високата спортска тежина и силната конкуренција на овој настан.
И покрај големата конкуренција, Македонската самбо федерација верува во подготвеноста и квалитетот на своите спортисти и со оптимизам настапува со јасна цел – достојно претставување и освојување медали.



