АктуелноБоксПрофесионален
Вордли ја објави рундата во која ќе го сопре Фјури

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури (34-2-1, 24 КО, го посочи сонародникот Фабио Вордли (20-0-1, 19 КО), кој ја држи титулата на ВБО, како можен противник оваа година.
Вордли, кој никогаш не ја бранел титулата, со задоволство би прифатил таква борба, како што изјави за Бокс сцена.
Фабио дури е уверен дека може да го запре Фјури пред последниот удар во гонгот.
„Ќе биде исто како други мои борби – ќе го нокаутирам“, рече Вордли. „Можеби ќе треба да прифатам неколку удари, можеби да се откажам од неколку рунди. Но, поблиску до … што? Десет, единаесет … Или можеби овој пат ќе го зачувам за дванаесеттата. Веќе победив во десетата и единаесеттата, па овој пат ќе извадам зајак од шапката во дванаесеттата“, додаде Вордли.



