ЕСПН ја објави првата ранг-листа на 10-те најдобри боксери во тешка категорија за 2026 година – Фјури останува во Топ 3

Авторитетниот американски портал ЕСПН ја објави ажурираната ранг-листа на најдобрите боксери во тешка категорија во светот – прва за 2026 година.
Новото рангирање повторно го вклучува поранешниот светски шампион во верзиите ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, како и олимпискиот шампион од Лондон 2012, Ентони Џошуа. Тој се враќа во топ 10 по победата со нокаут над американскиот инфлуенсер Џејк Пол. Од друга страна, 36-годишниот Мексиканец Енди Руиз е отстранет од ранг-листата поради продолжена неактивност.
Топ 10 боксери во тешка категорија според ЕСПН:
Александар Усик
Тајсон Фјури
Даниел Дубоа
Фабио Вордли
Џозеф Паркер
Ентони Џошуа
Агит Кабајел
Филип Херговиќ
Мозес Итаума
Џин Гили
Интересно е што Тајсон Фјури продолжува да го зазема второто место на ранг-листата и покрај тоа што не влегол во рингот повеќе од една година. Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија во верзиите на ВБЦ, ИБФ, ВБА Супер, ВБО, ИБО и Ринг останува меѓу елитата и покрај неговото долго отсуство од активниот бокс.



