Меѓународна сценаММА

Чимаев го предизвика Переира за УФЦ во Белата куќа

Непоразениот 31-годишен Хамзат Чимаев, актуелниот шампион во средна категорија на УФЦ, го предизвика шампионот во полутешка категорија Алекс Переира (13-3). Тој предложи борба на турнир што ќе се одржи на тревникот пред Белата куќа во летото 2026 година.

„Ајде, Бела куќа! Алекс Переира, не грижи се, брзо ќе те довршам. Сите бразилски фанови, кажете му на ова дете дека ако не се плаши, нека се бори со мене“, напиша Чимаев на профилот на социјалните мрежи.

Хамзат Чимаев има 31 година. По потекло од Чеченската Република, го имаше дебито во УФЦ во 2020 година. Во август 2025 година ја освои титулата во средна категорија со едногласна победа над Јужноафриканецот Дрикус ду Плесис. Има девет победи во организацијата.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON