Андерсон Силва по успешната боречка кариера станува полицаец

Легендарниот ММА борец Андерсон Силва објави дека ќе ја продолжи кариерата како член на Полициската управа на Беверли Хилс.
Долгогодишниот шампион во средна категорија на УФЦ, кој со Ислам Махачев го држи рекордот за најдолга серија победи (16), истакнува дека сака да придонесе за заедницата на уникатен начин.
По фантастичната кариера во најголемата организација за слободна борба во светот, Бразилецот се испроба во боксот.
Загуби од инфлуенсерот Џејк Пол, а ги победи Хулио Цезар Чавез Јуниор, Тито Ортиз, а неодамна со прекин во втората рунда го победи и поранешниот колега Тајрон Вудли.
„Веднаш се враќам на работа и продолжувам со обуката како полицаец во Беверли Хилс“, рече Андерсон Силва во интервју за Ариел Хелвани и додаде дека сè уште нема намера да ја заврши боречката кариера, без оглед на фактот дека минатата година наполни 50 години.
Во објавата на Инстаграм, Силва покажа дека ги вежба различните вештини потребни за да се стане полицаец, а се чини дека поседува и сертификат што покажува одредено ниво на квалификација.
„Ќе дојдат денови кога заморот, болката, неизвесностите, моите несовршености, стравот ќе затропаат на вратата и ќе сакаат да влезат, но јас нема да дозволам. Дури и кога се чини дека нема излез, кога сè е обвиткано во магла. Нема да се откажам, бидејќи мојата вера во Бога и мојата желба да бидам подобар од вчера е вечна“, напиша Андерсон Силва, додавајќи:
„Додека имам сила да се кренам и да се борам, ќе се борам со вера, сила и чест до крај, каде било, без разлика дали е дожд или е сончево време. Дури и ако времето е постојано лошо, ќе бидам таму без изговор, подготвен“.
View this post on Instagram



